Македонско-бугарската мешовита комисија за историски и образовни прашања, како што изјави за МИА копретседавачот од македонска страна Драги Ѓоргиев, ќе заседава денеска и утре за забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за македонските учебници по историја за седмо одделение. Тој оцени дека работата на Комисијата се одвива во позитивна атмосфера и доколку така продолжи, според него, ќе дојде до приближување на ставовите. Во однос на прашањето за Гоце Делчев, кое се дискутира од аспект на заедничкото чествување, Ѓорѓиев смета дека тоа ќе се отвори на претстојните разговори доколу остане време.
Радио Слободна Европа