Поради прекин на струја, повеќе од 230 луѓе починаа во болниците во Венецуела

Најмалку 233 лица починале во болниците во Венецуела поради прекин на струја, соопштија денеска тамошните здравствени власти.

„Во текот на 2019 година, 17 лица починале поради прекини на струја, во 2020 година 75, а во 2021 година 141, што е вкупно 233 лица“, се вели во студијата на Националната академија за медицина.

Во студијата учествувале лекари од големите болници, а истата е започната во 2014 година поради различни проблеми како недостиг на лекови и прекини на вода и струја.

„Некои пациенти починаа во 2019 и 2020 година поради прекини на струја бидејќи им требаше респиратор или мораа да имаат итна операција, но лифтовите не работеа“, се вели во извештајот.

Според студијата, зголемувањето на бројот на смртни случаи во 2021 година е поврзано со пандемијата на коронавирусот.

 

извор/фото: агенции