Членови на избирачки одбор во Србија си размениле шлаканици, полицијата излегла на местото на настанот

0
545

Од вкупно 8.267 избирачки места во Србија, сите се отворени утрово, освен бројот 77 во Нови Пазар, каде се случи инцидент. Како што пишува „Блиц“ таму дошло до тепачка меѓу членовите на комисијата.

Според Локалниот фронт, здружение кое е еден од набљудувачите на изборите во Нови Пазар, дошло до конфликт меѓу членовите на комисијата од редовите на две партии.

Си удриле шлаканици, ситуацијата многу брзо се смирила, но полицијата излегла на местото на настанот.

Наводно, до конфликт дошло за време на дискусијата за светлечките билборди со столбови, кои не биле отстранети кога почнал изборниот молк.

Некои од тие билборди, пак, беа покриени со најлонски кеси.

Избирачкото место број 77 се наоѓа во Пазар, а по пријава на полицијата е отворено и редовно се гласа, ова за Танјуг го потврди претседателот на градската изборна комисија во Нови Пазар, Радослав Милиќ.