За денеска е најавена нова рунда разговори на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) со Владата. Претседателот на СОНК Јаким Неделков деновиве изјави дека се надева оти владините претставници ќе излезат со одредена понуда. Според него, штрајкот најавен за 11 април ќе трае се додека не се исполнат нивните барања, но дека е недозволиво тие да бидат задоволени со проектирање на буџетот за 2023 година. СОНК бара следење на процентот на пораст на минималната плата односно за 18,4 проценти да се зголемат платите за потоа да се изнајде системско решение и во иднина да не се протестира секогаш кога ќе се зголемува минималната плата.
Related Posts
Македонија се празни – После распустот уште 50 училишни столчиња во Штип осамнаа празни
Педесет ученици од основните и средните училишта во Штип од денеска нема да го почнат второто полугодие во учебната 2023-2024…
Полицијата влезе во угостителски објекти и казина, три лица приведени, пронајдена дрога, констатирани неправилности
Ноќва (02.04.2023) во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени…
„Врие“ на пазарот на труд: Кај нас на гурбет доаѓаат турци, нашите бегаат на запад, а Oтворен Балкан заеднички се спрема за работници
ПАРИ АНАЛИЗА |Една од заложбите на Отворен Балкан е да се создаде единствен пазар на труд меѓу Македонија, Србија и…