ТВ 21: Автобус остави на улица лице со посебни потреби граѓаните помогнаа од ЈСП велат возачот ќе биде санкциониран

0
438

Автобус остави на улица лице со посебни потреби. Ова е еден од проблемите со кои често се соочува Еркан, лице со посебни потреби, објави ТВ 21.

„Се чувствував лошо, нехумано е автобусот да не застанува на станица иако те видел. Ме виде како стојам на станицата, плус децата му рекоа да ја отвори рампата за да се качам, вели Еркан Ќахили.

Екипата на ТВ21 го придружуваше момчето до автобуската станица.
Двокатен автобус дојде на неговата станица, сите се качија освен Еркан, бидејќи не се приспособени за лица со пречки во движењето.

Еркан долго чекаше да пристигне еден од новите автобуси, единствени кои ги нудат овие услови.
Но, кога дојде повторно имаше неволја.
На возачот му рековме да ја спушти рампата, но граѓаните беа тие што помогнаа.
На крајот возачот дојде само да ја затвори рампата.

Ваква дискриминација не се случува првпат во јавниот превоз, вели Еркан. Но, со овие видеа сака да ја подигне свеста кај другите лица со посебни потреби, кои токму поради овие бариери се изолирани дома.

„Не е прв пат, но прв пат снимав за да имам доказ дека тоа навистина се случува затоа што го имам презентирано неколку пати, но нема ефект, вели Ќахили.

Текстот во целост на: ТВ 21.