Синдикалците излегоа разочарани – нема договор меѓу СОНК и владата

Пропадна и денешниот обид на СОНК да издејствува повисоки плати во образованието. Без договор заврши и вечерашната средба во финасии. Синдикатот бара решение веднаш, а владата бара да се стрпат и заедно да работат на долгорочно системско решение. Преговорите ќе продолжат, но ниту една страна не попушта во барањата.

Синдикалците излегоа разочарани од средбата во финасии.

Велат, владата не ја сфаќа сериозно нивната закана за генерален штрајк, ниту пак последиците од него. Не прифаќаат одговор дека нема пари во буџетот за зголемување на платите во образованието.

Не попушта СОНК, не попушта ниту Владата. Синдикатот бара решение веднаш, а минстрите инсистираат на долгорочно системско решение

извор: Телма