Кина: Смртоносна експлозија во фабрика, се заканува истекување на течен алуминиум

0
471

Експлозијата во фабриката на југоистокот на Кина би можела да предизвика „истекување на течен алуминиум“, објавија денес локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според весникот „Глобал тајмс“, експлозијата се случила во неделата во фабрика за алуминиум во градот Чингјуан во провинцијата Гуангдонг, при што четири лица загинале.

„Експлозијата би можела да предизвика истекување на течен алуминиум, а надлежните служби сега се справуваат со несреќата“, се наведува во веста на овој весник.

извор: Агенција Анадолија (АА).