Во болница во грчкиот град Солун, утрово избил пожар во кој настрада едно лице, соопшти противпожарната служба.
One person dead after Thessaloniki hospital fire https://t.co/sUPXkZlZ2w pic.twitter.com/JClNoowMUd
— Kathimerini English Edition (@ekathimerini) April 6, 2022
Според истиот извор, телото на едно лице било пронајдено на вториот кат од болницата „Папаниколау“, во која се лекуваат болни од корона вирус, пренесе АП.
Не е јасно што е причина за пожарот, како ни дали во зградата од болницата уште има пациенти или медицински персонал.
На видео-снимките се гледа црн, густ чад кој излегува од два прозорци на еден од подолните катови на болницата.
Во гасењето на пожарот учествуваат 30 пожарникари со 11 возила.