Орбан: На Унгарија не и е проблем да плаќа гас во рубљи

Унгарија не би имала потешкотии да ги плати испораките на гас од Русија во рубли, а ако Русија го побара тоа од Будимпешта, таа ќе го стори тоа, изјави премиерот Виктор Орбан на прес-конференција, одговарајќи на прашање на Ројтерс.

Орбан додаде дека го повикал Владимир Путин да воспостави итен прекин на огнот во Украина и предложил лидерите на Франција, Германија и Украина да се сретнат со рускиот лидер во Будимпешта.

„Му предложив на претседателот Путин да прогласи итен прекин на огнот“, рече тој и додаде дека разговарал со рускиот претседател.

Неговиот одговор беше позитивен, но со услови“, рече Орбан, без да ги објасни деталите.

 

 Радио Слободна Европа