Лидија ќе го „чека” министерот во Кавадарци!

0
387

Популарната српска актерка Лидија Вукичeвиќ доаѓа во Кавадарци. Таа е дел од актерската екипа која игра во претставата ,,Чекајќи го министерот”, комедија која ќе се одржи во Домот на културата Иван Мазов – Климе, на 14-ти април.

Покрај Лидија, во претставата играат и Семир Гичиќ и Сашо Ристовски.

Гичиќ исто така е автор и режисер на претставата. Влезниците за истата се продаваат по цена од 200 денари, а бројот на седишта е ограничен поради протоколите за пандемијата.

Пред три години, атрактивната 60-годишна актерка, која го освои регионот со улогата на Виолета Попадиќ во серијата ,,Подобар живот”, исто така имаше гостувања во Македонија со истата претстава.
Тогаш настапи во Скопје и Струмица.

fokus.mk