Во Франција претседателска битка меѓу Макрон и Марин Ле Пен

0
336

Фаворитите од првиот круг од претседателските избори во Франција, претседателот во заминување, центристот Емануел Макрон и кандидатката на екстремната десница Марин Ле Пен денеска ќе имаат краток онлајн дуел во медиумите, додека според анкетите разликата меѓу двајцата кандидати се стеснува, пренесе локалниот весник „Le Sud-Ouest“.

На три дена пред првиот круг од претседателските избори закажан за в недела, Макрон и Ле Пен ќе се приклучат на програмата на приватната телевизија ТФИ во емисијата „Десет минути за убедување“ во 20 часот.

Новинарот наизменично ќе им поставува прашања за 100-те дена претседателски, ако победат на изборите.

Лидерката на екстремно десничарската партија Национален собир, која усвои поумерен тон за време на изборната кампања, во вториот круг ќе влезе со околу 23 отсто од гласовите, додека за Макрон би гласале околу 28 отсто, покажуваат најновите анкети.

Лидерот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон, кој би освоил околу 16 отсто во првиот круг, ја засили својата кампања со надеж дека ќе влезе во вториот круг.

За изборите во првиот круг учествуваат 12 кандидати.

В петок на полноќ во Франција започнува предизборниот молк и ќе трае до недела во 20 часот по затворањето на гласачките места.

МИА