Најмалку три лица се повредени во престрелка во Филаделфија – не е позната причината за инцидентот

0
245

Најмалку три лица се повредени во престрелка во градот Филаделфија, во американската сојузна држава Пенсилванија.

Во извештаите се наведува дека транспортен службеник е во тешка, но стабилна состојба, а повредени се маж и жена.

Напаѓачот наводно бил мртов, а инцидентот се случил кога осомничениот пукал од трети кат на зграда кон улицата.

Ранетите цивили се жители на зградата каде напаѓачот се криел. Двајцата се во стабилна состојба и се пренесени во Универзитетската болница Темпл.

Пукањето се случило во 19 часот по локално време, а идентитетот на напаѓачот не е откриен.

Засега не е позната причината за инцидентот.