Обединетите нации ја исклучија Русија од Советот за човекови права

0
271

Обединетите нации одлучија Русија да биде исклучена од Советот за човекови права на ОН (УНХРЦ) поради извештаите за злосторства извршени на окупираните територии на Украина.

Одлуката беше донесена со 93 гласа за, 24 против и 58 воздржани.

Резолуцијата беше иницирана од САД откако се појавија докази за убиства на цивили во киевското предградие Буча.

Земјите членки на Г7 (Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Обединетото Кралство и Соединетите Држави) во соопштението порачаа дека е „време да се суспендира“ Русија од овој Совет.

Руската мисија во ОН во Њујорк пак ги повика земјите „да се изјаснат против антируската резолуција“.

Во изјава за новинската агенција Тасс, шефот на руската мисија во ОН рече: „Доколку резолуцијата биде усвоена, Западот ќе може слободно да им ги наметне на другите земји концептите и својата визија за човекови права што им одговараат на нив и на нивните западни соучесници. ”

 

Радио Слободна Европа