Зеленски на средба со фон дер Лајен во Киев

0
425

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе разговара денеска во Киев со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, изјави портпаролот на украинскиот претседател Сергиј Никифоров на националната телевизија. Тој рече дека други детали од разговорите нема да бидат соопштени од безбедносни причини. Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел кој исто така ќе престојува во Киев, вчера изјави дека Украина треба да биде снабдена со повеќе оружје за да ѝ се спротивстави на руската агресија и да ја изолира Русија што е можно повеќе во меѓународната заедница, како и да воведе дополнителни санкции за Москва.

 

Радио Слободна Европа