Бројките ги демантираат „успешните“ мерки на власта, инфлацијата во месец март е 8.8%, велат од ВМРО ДПМНЕ

0
349

Какви црни мерки на власта помогнаа во справување со кризата?

Бројките го демантираат соопштението на СДСМ. Имено, во јануари месец инфлацијата беше 6.7%, во февруари месец 7.6%, за да во март месец е 8.8%.

Според бројките може да се воочи дека мерките на СДСМ не се баш успешни во справување со економската криза, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Над 35% од граѓаните живеат во ризик од сиромаштија, а растот на економијата ни е најнизок во споредба со сите земји од регионот.

За година ипол горивата поскапеа за 70%, струјата поскапи за 30%, парното за 15%, цената на лебот е зголемена и за 110%, а сите останати основни намирници се поскапени за 30-50%.

Под итно се потребни зголемувања на платите и во другите области, и раст соодветен на минималната плата.

Со оваа криминална власт граѓаните секој ден стануваат се посиромашни.