Мицкоски за обвинението на Мухамед Зекири: Еден Рашковски се замени со друг

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на прашањето како го коментира обвинението за Мухамед Зекири, рече дека е згрозен иако верува во презумција на невиност и остава органите да си ја завршат работата, иако многу пати до сега изразиле сомневање во објективноста на нивната работа.

– Ако е тоа вистина сум згрозен, бидејќи еден Рашковски се замени со друг, но јавноста треба да знае дека тие крадат за некој друг, за тој што ги поставил таму и многу малку останува за нив. За нив останува срамот и за жал сѐ повеќе се разочаруваат и ако некој сѐ уште си го поставува прашањето зошто Македонија се намалува и граѓаните се селат, токму поради овие причини. – кажа Мицкоски.