Арсовски: Кој делел од милионите на Зекири кои ги крадел од Влада?

Ограбувањето на државата и граѓаните од страна на Владата на СДСМ не престанува откако постои СДСМ, а најинтензивно се гледа и се чувствува на кожата на граѓаните последниве 5 години. Генералниот Секретаријат на Владата на СДСМ е дувло на корупцијата и криминалот во Македонија. И тоа го говоревме од првиот ден и тоа се испостави дека е така.
После Рашковски и Мухамед Зекири е осомничен за злоупотреба на службена должност и проневера на речиси 1 милион евра. И двајцата делото го сториле како генерални секретари на Влада именувани од Зоран Заев и двајцата се луѓе блиски луѓе на Зоран Заев. Едниот му е близок пријател, а другиот кумашин. Бидете сигурни дека и тој кој ќе биде назначен после Мухамед Зекири што ќе го стават, ќе заврши со кривична пријава. Тоа е така само затоа што криминалот и корупцијата им е основа на работење на СДСМ и на оваа влада предводена од СДСМ, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

Шемата била слична како на Рашковски. Рашковски сам на себе си продаде софтвер и го плати со народни пари, а во случајот со Зекири кој отиде во притвор направена е злоупотреба на службената положба и без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка односно тендер, склучил договор за консултантски услуги кој изнесува околу 1 милион евра.

Имено како што се пренесува во јавноста Зекири и двајца хрватски државјани во договорот за консултантски услуги за приватизација на државна институција Македонски Пошти тежок речиси 1 милион евра, бил воден како семинарски труд.

Мухамед Зекири во 4 очи, без тендер во коруптивен договор со хрватските државјани за 1 милион евра правел фиктивни филизибилити студии за рационализација и продажба на Македонски Пошти, или како што велат семинарски труд, компанија која едвај врзува крај со крај и која нема пари да исплати плати на вработените. Замислете овие 1 милион евра да биле инвестирани во Македонски Пошти, наместо во џебот на Мухамед Зекири и СДСМ, оваа институција и вработените ќе процветале.

Мухамед Зекири е човекот за кој чаршијата говори дека е вмешан и во безброј нелегални операции, кои што се водени од разно разни мафијаши блиски нему. Но за тоа треба да истражи обвинителството и да докаже дали е тоа така.

Ова милионско крадење на Зекири исто како и Рашковски не го правел сам на своја рака. Зад ова стои нивниот лоповски гуру и затоа мора да се прошири истрагата. Сите знаете кој е тој лоповски гуру.

Дали е можно најблиските луѓе на Заев да крадат, а тој да не знае со години? Или пак да преформулирам, дали е можно најблиските луѓе на Заев да крадат, а нему да не му дале ниту едно евро?

Проценете сами.

Затоа повторно прашуваме, дали и колку од парите кои ги земал Мухамед Зекири околу 1 милион евра завршиле во џебот на кумашинот Заев и или кај новиот шеф Ковачевски? За ова мора да се огласат јавно институциите и да прекинат да спијат и да прекинат да ги кријат криминалците од СДСМ не само еден човек одговара, туку да одговараат сите вмешани во целиот случај.

Ова е одговорот, целиот овој случај кој вчера го гледавме по медиумите, зошто Македонија е најкорупмпираната држава во Европа. Ова е одговорот зошто Македонија е најсиромашната држава во Европа. Ова е одговорот зошто народот тоне во сиромаштија, а голтарите од СДСМ и ДУИ во власта се претвораат во милионери.