Министерот за здравство иницирал вонреден инспекциски надзор за смртта на младиот ракометар – Обдукцијата утврди насилна смрт кај ракометарот

Министерот за здравство иницирал да се спроведе вонреден инспекциски надзор за постапката за прифаќање и третманот на младиот ракометар на РК „Бутел“, Денис Тот, информира ресорното министерство.

„Во врска со смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот, министерот за здравство согласно Законот за здравствена заштита и Законот за санитарна и здравствена инспекција иницираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведе вонреден инспекциски надзор за постапката за прифаќање и третманот на младиот ракометар“, е неведено во писмената информација од министерството.

Оттаму изразија и сочувство за неговата смрт до семејството и неговите најблиски.

Претходно Јавното обвинителство и МВР излегоа со детали за неговата смрт.

Притоа според надлежните, осомничени се три лица, од кои две, како што беше соопштено се приведени, додека по едниот од нив полицијата и натаму трага.