216 сообраќајни прекршоци во Скопје, 40 за управување под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, шест мерки за возач почетник.

Изречени 48 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 40 мерки за управување под дејство на алкохол, една мерка за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.