Одмазнички до коска се казните во случајот „Меѓународен сојуз“, вели таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски за ТВ Алфа.
Тој вели дека нема основа за високите казни. Според него, станува збор за монтиран случај, како и дека се води „хајка против Бојан од дон Заев“.
Заробени институции се обвинителството на Русковска и судот на Џолев – вели Јовановски, кој најави тужба во Стразбур.
На прашањето кому му пречи тоа што го зборува Боки, Јовановски одговори:
Најмногу на Заев. Јас не знам сѐ што се случувало, но тој не би излегол со лажно нешто. Цел товар е на Бојан. Тој имаше многу доверба во Заев. Сѐ му кажуваше. Тој дури имаше дозвола од него за македонски „Инсајдер“ што требаше да се дава на 1ТВ, а јас мислам дека сѐ почна од македонски „Инсајдер“, вели таткото на Бојан.
Тој додава и дека врз Бојан биле вршени тортури додека бил во затвор.
Алфа тв