Пандемијата и кризата во Украина покажаа дека никој не е безбеден од катастрофите што можат да го снајдат светот каков што го знаеме. И додека повеќето луѓе се надеваат дека ситуацијата во светот нема да се влоши, има и такви кои се подготвуваат за најлошите сценарија, објави Нулта тачка .
View this post on Instagram
Така, „Savajval condo“ нуди бункери претворени во луксузни апартмани каде што можете „да го дочекате крајот на светот“. Тоа се добро обезбедени места во поранешната ракетна база кои можат да издржат нуклеарен напад, природна или каква било друга катастрофа.
Бункерот се наоѓа во американската сојузна држава Канзас, а просечната продажна цена на станот е околу 3 милиони долари. Поевтините варијанти чинат околу 1,5 милиони долари, додека се поскапи за дури 4,5 милиони долари.
View this post on Instagram
Компанијата која продава бункери тврди дека во нив можат да живеат 75 луѓе до пет години.
Бетонските ѕидови во бункерите се дебели околу три метри и можат да издржат налети на ветер од 225 километри на час, додека челичната врата на влезот тежи осум тони. Целиот објект се наоѓа под земја, има 14 нивоа, а точната локација е тајна.
Сопствениците сакаат да ги продадат бункерите на луѓе од различни професии чие знаење би било од голема корист за целата заедница во случај на крајот на светот. Луѓето со криминално досие, на пример, нема да можат да го купат тој стан за да преживеат дури и да ги имаат потребните пари, пренесува порталот „Кликс“.