Австрискиот канцелар Нехамер во Москва на средба со Путин

0
210

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти австриската влада. Тоа ќе биде прв состанок лице-в-лице помеѓу Путин и еден лидер на Европската унија 24 февруари кога Русија изврши инвазија врз Украина. „Ние сме воено неутрални, но со јасна позиција за руската војна за агресија врз Украина”, напиша Нехамер на Твитер, додавајќи: Мора да престане! Потребни се хуманитарни коридори, прекин на огнот и целосната истрага за воени злосторства”. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков потврди дека Путин ќе одржи разговори со Нехамер.

 

Радио Слободна Европа