На убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот сведочеле околу десет лица кои гледале како Ангело Ѓоргиевски заедно со А.К. (22) и К.Л. (19) го напаѓаат Хрватот, кој не пружал никаков отпор и го тепаат и го клоцаат во главата додека лежи.
Ова се гледа од видеото од камерите „Сејф сити“ кое на канал именуван „Hide1“ на ЈуТјуб попладнево се објави, без да се знае неговото потекло, а на кое во траење од 80 секунди, се гледаат клучните детали од настанот кој, наводно, се случил во раните утрински часови меѓу четвртокот и петокот минатата недела, пред влезот на скопската дискотека „Привилиџ“.
Видеото, накратко по неговото објавување, стана недостапно бидејќи профилот на објавувачот исчезна од видео-платформата ЈуТјуб.
Сепак, истото може да се види на други социјални мрежи.
https://twitter.com/i/status/1513506181603639300
извор/фото: 24инфо.мк