Груевски, Мијалков и нивните семејства САД ги ставија на црна листа

пранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков заради нивна вмешаност во „значителна корупција“. На црната листа се најде и поранешната главна обвинителка на Босна и Херцеговина Гордана Тадиќ.

Портпаролот на Стејт департмент Нед Прајс изјави дека „ нивните постапки го поткопаа владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во двете земји и ја намалија вербата на јавноста во нивните влади“.

Покрај Груевски и Мијалков, Стејт департментот ги санкционираше и членовите на нивните потесни семејства, кои добија забрана за влез во САД.

Како резултат на денешната мерка, сите имоти и интереси во сопственост на санкционираните, кои се во или влегуваат во САД, се во сопственост или контрола на лица од САД, мора да бидат блокирани.