Српскиот актер Бојан Лазаров (50) трагично почина во Белград. Актерот скокнал од мостот на Ада, а на самото место на трагедијата бил оставен неговиот автомобил, во кој било пронајдено проштално писмо.
Лазаров на многумина им е познат по улогите во „Белградски фантом“, „Мирисот на дождот на Балканот“, „Вистина и лаги“, „Тајните на лозата“, „Црвена месечина“ и „Викенд со тато“. Зад себе остави десетици улоги во театарот и филмот.
Како што пишуваат српските медиуми, актерот зад себе оставил проштално писмо. Српските медиуми пишуваат дека тој долги години со години се борел со депресијата.
Зад себе оставил две деца, а со сопругата бил разведен.