Главниот кризен штаб го прифати предлогот за неносење маски во затворен простор

Укинување на обврската за носење маски за време на физичката настава во средните училишта, како и укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа и на обврската за носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица, се усвоените заклучоци кои Комисијата за заразни болести ги достави до Главниот координативен кризен штаб (ГККШ).

Како што информира владината прес-служба, на петта седница на Главниот координативен кризен штаб беа усвоени повеќе заклучоци од одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести.

Заклучоците ќе бидат доставени до Владата, која за нив ќе одлучува на следната владина седница.