„Прво, мораме да повториме уште еднаш дека единствени виновници за инфлацијата која што во Република Македонија руши рекорди е оваа Влада. Инфлацијата во Македонија се случува од август 2020-та година со покачување на цената на електричната енергија. Јас од 2021 година од месец јануари во континуитет известував дека имаме пораст на цените“, истакна потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска одговарајќи на новинарско прашање во Ново Село, Штип каде што се отвори спортски центар.
Димитриеска Кочоска посочи дека единствени виновници за инфлацијата која што во Македонија руши рекорди е Владата.
„Кога имате вие покачување на електричната енергија логично е дека ќе дојде до покачување и на останатите цени, особено на основните продукти. Така да сега што и да носат како одлуки, се е задоцнето, се е погрешно. И морам повторно да кажам ако ЕСМ државното производство на електрична енергија се уште го води вака како што го води односно речиси и да немаме производство, ние ќе имаме многу потешки месеци пред нас. Така да погрешно се поставени работите комплетно од самиот старт“, нагласи Димитриеска Кочоска.