Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција во Кривичниот суд Скопје, кој денеска одлучуваше по жалбата за одредениот притвор за ексгенералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири, го потврди решението на претходна остапка, што значи дека тој останува во притвор, објави 360stepeni.mk.
Во соопштението од Кривичниот суд се наведува дека по денешната јавна седница во присуство на странките, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција го потврди решението на претходна постапка со измени во основите кои постојат за определување на мерката притвор.
„Односно, советот го преиначи решението на претходна постапка на начин што ја укина точна 3 од чл. 165 ст.1, односно можност обвинетиот да го повтори делото“, се вели во соопштението.
Текстот во целост на: 360stepeni.mk.