Фокус: Ѓорѓиевски сам се предал на припадниците на Оперативниот тим Потраги, околу 1 часот по полноќ

0
362

Анџело Ѓоргиевски, првоосомничениот за убиството на ракометарот Денис Тот е веќе во истражниот затвор “Скопје”, потврдија од МВР, но и од Затворот, за “Фокус”.

“Фокус” пак од свои извори дознава дека Ѓорѓиевски доброволно сам се предал на припадниците на Оперативниот тим Потраги, околу 1 часот по полноќ, во населбата Аеродром.

Како што дознаваме, преговорите, но и притисоците, за неговото предавање траеле околу 4 часа.

извор: “Фокус”.