Двајца украински новинари пронајдени мртви – здруженијата бараат истрага

0
268

Комитетот за заштита на новинарите со седиште во Њујорк ги повика украинските власти да ја истражат смртта на новинарите Роман Нежиборец и Зореслав Замојски и да утврдат дали тие биле мета поради нивната работа и да ги изведат одговорните пред лицето на правдата.

Во соопштението на Комитетот на 13 април се вели дека телото на Нежиборец неодамна било пронајдено закопано во северното украинско село Јахидне, додека телото на Замојски е пронајдено во Буча, во близина на главниот град Киев.

 

Радио Слободна Европа