Ангеловска-Бежоска: Приоритет на монетарната политика и натаму е одржувањето на стабилноста

0
384

Во центарот на вниманието на монетарната политика мора да е одржувањето на ценовната стабилност, а со тоа и на вкупната макроекономска стабилност, коишто се најдобриот придонес што таа може да го даде за економијата. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, говорејќи на панел-дискусијата „Задржување на домашниот раст сред постпандемично врамнотежување, ценовни притисоци и војна во Украина” во рамките на Економскиот форум организиран од „Фајненс тинк”.

Зборувајќи за тоа како да се поддржи економскиот раст, а во исто време да се стабилизира инфлацијата, предизвикана од воениот конфликт во Украина, гувернерката посочува дека особено е значајна координацијата на фискалната и на монетарната политика. На пократок рок, преку фискалните мерки може на подиректен начин да се ублажи трансмисијата од глобалниот пораст на цените на енергијата врз цените на стоките за потрошувачка, како и во одредена мера да се надомести загубата во доходот кај најранливите категории. Од друга страна, монетарната политика треба да се насочи кон одржување на ценовната и на макроекономската стабилност.

 

извор/фото: агенции