Британија го замрзна имотот на соработниците на Роман Абрамович

0
331

Британија ги замрзна средствата вредни до 10 милијарди фунти на двајца руски олигарси кои се опишани како долгорочни деловни соработници на рускиот милијардер и сопственик на Челзи, Роман Абрамович, соопшти Министерството за надворешни работи. Имотот му е замрзнат на директорот на фудбалскиот клуб Челзи, Јуџин Тененбаум, кој ја презеде контролата врз компанијата Еврингтон Инвестментс поврзана со Абрамович, по почетокот на руската инвазија на Украина.

 

Другиот санкциониран Русин е Давид Давидович, чии средства се замрзнати и му е забрането патување. Британската влада соопшти дека мерките „ги намалуваат клучните извори на приход за воената машина на Путин“ во руската инвазија на Украина. Британската влада го замрзна имотот на Абрамович во март како дел од санкциите против богатите Руси тесно поврзани со Кремљ.

 

Радио Слободна Европа