Голема полициска акција во Хрватска, уапсени 10 лица за шверц на 1,5 тони кокаин од Јужна Америка

0
309

За нив медиумите пишуваат дека шверцувале најмалку тон и половина кокаин од Јужна Америка.

Хрватското МВР, без да соопшти детали, извести дека криминалистичката истрага била насочена против криминални групи од областа на организираниот криминал, чии членови се осомничени за сторени најтешки кривични дела.

Полицијата соопштила дека вчера уапсиле 10 лица, дека доказните дејствија се извршени на подрачјето на повеќе полициски управи, а во акцијата учествувале стотина криминални и интервентни полицајци.

По завршувањето на кривичната истрага, полицијата осомничените ги предала на надзорникот на притворот, а против нив е поднесена кривична пријава.

 

24sata