Директорот на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, во интервју за српска ПОЛИТИКА отворено зборува за туризмот и регионалниот пристап на истиот. Тој споделува свои размислувања за тоа каде ќе се движиме во Новата 2021 год. и каков простап треба да имаме во регионот.
–Границите се отвораат, бевте еден од иницијаторите, што значи тоа за туризмот?
- Љупчо Јаневски: Од понеделник, 12 Октомври се донесе одлука да се овозможи непречен влез на странските државјани од Република Србија, Република Косово, Република Црна Гора и Република Босна и Херцеговина, без приложување медицинска потврда со негативен RT PCR SARS CoV-2 тест. Оваа одлука беше донесена од страната на РС Македонија по координација со министерствата за здравство од регионот за земји за чии граѓани досега имаа обврска при влез/транзит во нашата земја да приложат негативен RT PCR SARS CoV-2 тест.
Закрепнувањето во туризмот во регионот во периодот кој доаѓа треба да се базира на неколку столбови, а основата треба да биде „зеленa” и да овозможи оддржливост на туристичкиот сектор. Фокусот треба да се префрли и да биде на краткорочни и долгорочни мерки кои ќе овозможат оддржливост. Мерките за помош треба да се базираат на анализи и да бидат мерливи, но нема да опфаќаат само даночни олеснувања и државна помош, туку на краток рок да се врати туристички сектор во одлична кондиција. Треба Да се ослободиме од индивидуалниот интерес и да градиме заеднички пристап, бидејќи само на овој начин можеме да излеземе победници од оваа криза која се заканува да премине во економска. Под заеднички мислам регионален бидејки само овој начин ќе овозможи да го намалиме негативниот удар од кризата во економиите во кои голем удел партицитира туристичкиот сектор.
Поради пандемијата, многу нешта во туризмот оваа година се разликуваат од претходно, пред сé во поглед на губење на сезоналноста, бидејќи патувањата се прилагодуваа во зависност од состојбата со САРС ков 2 во дестинациите и сигурноста која тие ја нудат. Кога би направиле едно заокружување на 2020 година, падот во туристичкиот сектор е на очекувано ниво според статегиското планирање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и е во рамките на европскиот просек од – 67 отсто во бројот на туристи и 56 проценти во бројот на остварени ноќевања. Но, и покрај овој пад, во првата половина од 2020 година во македонската економија се влеале 100,7 милиони долари што преставува пад од -34,7 отсто, споредено со истиот период лани. Имајќи ги предвид мерките за превенција од КОВИД кои беа прилично ригорозни во вториот квартал, сепак, има простор за одреден оптимизам дека зацртаната цел е возможна. Во самиот почеток на кризата Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот излезе со проектирана цел за достигнување два милиона ноќевања во 2020 година иако во тој момент тоа изгледаше како невозможна мисија за голем број експерти во туризмот. Сега повторно оптимистички изјавувам дека бројката е возможна доколку сите работиме на нејзино остварување.
Базирајки се на истражувањата во 2019 година и трендовите во Македонија, од вкупниот број туристи кој изнесуваше 1,2 милиона, 32 процента биле домашни и оствариле приближно 1,6 милиони ноќевања што е 51 отсто од вкупните ноќевања за 2019 година. Втората фаза од отворањето на македонскиот туризам треба да биде кон регионот, односно соседните земји (Србија, Бугарија, Косово, Албанија, Хрватска ) и неколку дополнителни дестинации како Полска и Турција од кои во 2019 година сме генерирале 49 % од вкупниот број странски туристи. Ова ќе овозможи со континуирана промоција и насочени бизнис средби со туроператорите и туристичкиот сектор, подобар старт за 2021 година и можност под вакви услови да се организираат патувања кои ќе бидат насочени кон нашата дестинација.
Во 2021 година туризмот треба да се базира на повеќе автобуски тури и индивидуални патувања на туристи од регионот кои ќе имаат изменети точки на интерес, барајки повеќе дестинации кои нудат активности во природа (како национални паркови, рурални средини, активен туризам,гастрономија), дестинации кои нема да бидат преполни со гости и кои нудат мали сместувачки капацитети. Пресуден елемент за нивната одлука која дестинација ќе ја посетат ќе зависи од сигурноста на дестинацијата и можноста за справување со САРС ков 2 пандемијата која ќе биде присутна во поголемиот дел на 2021 година. Туроператорите треба да се прилагодат на состојбата и започнат да креираат понуди соодветни на состојбата со САРС ков 2 и отвораат нови дестинации за патувања.
- Можете ли да ги спорелите вашите искуства со колегите од регионот?
- Љупчо Јаневски:Светскиот туристички сектор се предвидува да закнепне за три до пет години и го достигне нивото од 2019 година. Ние имаме шанса да ја скратиме временската дистанца и за многу пократок рок успееме да се издигнеме многу помудри ,подготвени и конкурентни на туристичкиот пазар. Кога пандемијата на САРС ков-2 силно удри во Македонија не размислував бидејки знаев дека мојата борба ќе биде со пожртвувана работа насочена во туристичкиот сектор поставувајки си цел која во тој момент изгледаше невозможна. Колективниот успех во туризмот преставува многу индивидуални успеси на туристичките работници, а ние се ориентиравме токму на тоа преку соработка со странски донори кои овозмоија промоцијата на домашниот туризам пред домашните потенцијални туристи да се одвива непречено. Дополнително, финансиски ја ублаживме кризата со владините мерки за поддршка, кои се во својата четврта фаза. Со поддршка и заедничка работа се оди напред. Ова е време во кое е неопходна поддршка и соработка во секој поглед, на тој начин ќе се надмине кризата,период кога треба да покажеме почитување на закони и дисциплина.
На самиот почеток на кризата зборував дека регионалната соработка е неопходна и дека регионот може да се спаси само доколку сите држави од западен Балкан се држат заедно и настапуваат синхронизирано.Останува мојата идеа за соработка на земјите од т.н мал шенген, каде туристите од западен Балкан би се движеле слободно со полиберални протоколи на влез и излез од државите, но да не се занемари важноста на сигурноста и безбедноста на туристите дека дестинациите во кои патуваат се безбедни. На ова поле направивме почетни чекори но треба да го изодиме целиот пат. Кога дуваат силни ветришта голем број на луѓе градат зидови за да се заштитат а голем број ветерници.
Фокусот останува дома и на регонот, промоција на рурални дестинации, еко-туризам, авантуристички туризам, гастрономија и други форми на алтернативен туризам што треба да биде сликата за целиот регион. Мистичноста и мултикултурализмот на балканот е неговата магија која треба да ја преточиме во туристичка понуда. Генерално скоро сите земји во регионот требаат да подобрат одредени делови во туризмот а од оваа криза треба да излеземе со стабилизиран и подобрен туристички сектор во глобала. Да ги прифатиме и наметнеме нови трендови во туристичката понуда а престојот на туристите во регионот со заедничка работа да го продолжиме да градиме оддржливост на дестинациите.
Лично сметам дека оваа година доколку целосно се отворат границите, треба да очекуваме одредени групи од регионот и традиционални гости, но сепак, нивниот број не очекувам да биде како во изминатите години. Патувањата ќе се креираат според меркоте кои се преземени, нивното постепено укинување на дистанцата и патувањето во помали групи ќе остане како препораки долго време после кризата. Големите туроператори повторно ќе играат голема улога во креирања на патувањата во светот кои ќе се базираат на рурални средини,екотуризам,агритуризам и мали сместувачки капацитетиво а балканот како последна неоткриена дестинација го нуди токму тоа.
- Што можете да предложите на српските граѓани што да посетат во време на Ковид?
–Љупчо Јаневски: Јас би сакал да ја доживеат мојата земја на многу поразличен начин или како што љубат австриските туристи да ја нарекуваат Сончева. Некако имам впешаток како толку блиску а многу далеку низ изминатите години патувајки по светски дестинации се подзаборавивме едни со други. Да ја искористиме нашата блискост и откриеме колку убава храна,вино, природни убавини, историја,археологија, обичаи и љубезност можат да пружат македонците. Ваше е да се спакувате и допатувате во РС Македонија на неколку денови а колку ќе останете ќе зависи од многу нешта.
-Соработката со Србија и што препорачувате?
Досегашната соработка можам да ја отценам како добра но секогаш може подобро а туризмт го овозможува тоа. Треба да отпочнеме процес на градење заеднички производи, спојување на дестинации, заеднички проекти, туристички рути и нивно поврзување со европските. Позитивните искуства на заедничкиот настап во Сингапур каде Србија, Црна Гора и РС Македонија се преставуваа како една дестинација за азискиот пазар може во иднина да се повтори и на други стратешки пазари каде како регион може да се добијат одлични резултати. Ова е време на сериозни поместувања и менување на навиките кај идните туристи а истите треба многу брзо да се препознаат и интегрираат во туристички производи кои ќе бидат конкурентни на се повеќе пребирливиот туристички пазар.