Зградите на фотографијата што се споделува во овој пост на Фејсбук не се во Скопје. „Вистиномер“ ја побара фотографијата на Интернет и ја најде на повеќе сајтови кои споделуваат хумористични содржини. Според информациите кои ги најдовме на „Tin eye“ – сајт за пребарување и препознавање фотографии, оваа фотографија е објавена на 25.10.2019 година на полскиот сајт kwejk.pl. Но, според пребарувачот на фотографии Yandex, фотографијата може да се најде и на руски сајтови кои тврдат дека е направена во Ирпен, Украина во 2018 година
Вирален пост на Фејсбук (во моментот на нашата рецензија има 400 реакции, 85 коментари и 27 споделувања) прикажува фотографија од две згради залепени една до друга, а која тврди дека е снимена во Скопје. Нашата проверка покажа дека ова не е точно.
Никогаш поблиски соседите во Скопје!, се вели во постот што го рецензираме.
Текстот во целост на: „Вистиномер“