Либија: Запрено производството на нафта додека новоназначената влада не ја преземе власта

Либиските племенски водачи го прекинаа производството на нафта поради одолговлекувањето во предавањето на власта во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во видео објавено на социјалните мрежи, племенските лидери во јужна Либија соопштија дека го запреле производството во нафтеното поле Ел-Фел додека премиерот Абдул Хамид Дбејбе не ја предаде власта на новоназначената влада на Фатхи Башага.

Тие, исто така, повикаа на смена на Мустафа Санала, челникот на Националната нафтена корпорација на Либија, и назначување нов Одбор на корпорацијата.

Нафтеното поле Ел-Фил има капацитет да произведе 90.000 барели нафта дневно, но обично произведува скоро 70.000.

Во друго видео, племенските водачи од централниот град Зуветина најавија запирање на производството на нафта во централна Либија додека Владата на Дбејбе не ја отстапи власта.

Тензиите во Либија се зголемија откако Парламентот минатиот месец ѝ даде доверба на новата влада на чело со Башага, поранешниот министер за внатрешни работи, додека Дбејбе инсистира да остане на својата функција.

извор: Агенција Анадолија (АА).