Големите крузери за крстарење се враќаат во Австралија

0
344

Брод за крстарење денеска се закотви на пристаништето во Сиднеј првпат по повеќе од две години, откако беше укината забраната од 2020 година предизвикана од пандемијата на коронавирусот.„Пацифик експлорер” направи „драматично влегување”, со голем натпис „Ние сме дома”, распослан на носот од пловилото. Маса луѓе се собраа на Сиднејскиот пристаништен мост за да го гледаат пристигнувањето на бродот, кој пред речиси еден месец го почна своето 18.000 километри долго патување од Кипар назад кон Австралија.Резервациите за австралиското крстарење на најголемата компанија – „Ар енд O” веќе се блиску до нивоата пред пандемијата, смета нивната претставничка Линдзи Гордон.– Сега ги гледаме можностите за речиси нормална летна сезона на крстарење за 2022-23 година, рече таа.

 

извор/фото: агенции