Почина новороден син на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Кристијано Роналдо и Георгина Родригез објавија дека починал нивниот новороден син.

„Со најдлабока тага ја објавуваме смртта на нашето бебе. Тоа е најголемата болка што може да ја почувствува еден родител. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да го живееме овој момент со мала надеж и среќа“, напишал парот во заедничка изјава на Инстаграм.

„Им благодариме на лекарите и медицинските сестри за сета грижа и поддршка. Преоптоварени сме и бараме приватност во ова тешко време“, велат тие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

 

 

фото:

Daily Express