Законската одредба за недела неработен ден во државата, утре ќе биде разгледана од Уставниот суд на иницијатива на Стопанска комора на Северна Македонија, која се однесува на последните измени на Законот за работните односи, објави Сител.
– Подносителот смета дека оспорениот закон кој се однесува на уредување на работата во недела е спротивен на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните. Во иницијативата се наведува дека Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи го уредува користењето на неделен одмор преку воведување на забрана за работа во недела и притоа таксативно ги набројува исклучоците на одредени дејности кај кои неделниот одмор може да се користи во друг ден во неделата и се укажува дека ова законско решение не е во полза ниту на економските субјекти, ниту на работниците и директно задирало во темелните вредности на уставниот поредок на државата, велат од Уставен суд.
Текстот во целост на: Сител.