Разликата со платежните сметки кои сега се користат е во тоа што преку сметките со основни функции ќе може да се вршат плаќања само до висината на сопствените средства, односно нема да биде дозволено навлегување во т.н. минусно салдо.
Со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, којшто стапи на сила од јануари, граѓаните ќе можат да отворат денарска платежна сметка со основни функции која слично како и другите сметки ќе може да ја користат за плаќање комунални и разни други услуги, за купување во продавници или преку интернет, како и да внесуваат и повлекуваат готовина.
Разликата со платежните сметки кои сега се користат е во тоа што преку сметките со основни функции ќе може да се вршат плаќања само до висината на сопствените средства, односно нема да биде дозволено навлегување во т.н. минусно салдо. Токму заради тоа, надоместоците што за ваквата сметка со основни функции ќе им се наплатуваат на граѓаните ќе бидат пониски, а за граѓаните кои се корисници на социјални трансфери нема да се наплатува ваков надоместок.
vecer.mk