Уапсен најпознатиот моден креатор во Србија под сомнение дека киднапирал млад човек

Српскиот моден креатор Дарко Костиќ е уапсен бидејќи држел млад човек заробен во својата куќа и му се заканил дека ќе го убие, пренесува nova.rs.

Ноќва во 02.43 часот пријавено е дека во станот на модниот креатор Д.К на улица „Добрачина“ се наоѓа 19-годишниот Ш.Х., кој на јавувачот Н.Н., му испратил порака дека е заклучен во визба и дека Д.К. сака да го убие.

Полицијата веднаш одговорила на повикот и во станот на креаторот пронашла млад човек, кој им рекол дека се запознал со Костиќ преку ЛГБТ апликацијата „Гриндр“, а потоа дошол во неговиот стан. Наводно во полиција изјавил дека креаторот му дaл да консумира бела материја, најверојатно наркотици – дрога, по што му ги врзал рацете со јаже, му ставил дуксер преку глава и го затворил во оставата.

Инаку, Третиот основен суд, во јуни минатата година го осуди Костиќ на една година домашен притвор за сексуално вознемирување малолетник. Сепак, пресудата не е правосилна.

фото:

N1 info