Јотова: Не гледа причини во оваа фаза да биде укинато ветото за почеток на преговорите со ЕУ за Северна Македонија

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, не гледа причини во оваа фаза да биде укинато ветото за почеток на преговорите со ЕУ за Северна Македонија, изјави таа во интервју за бугарска телевизија, пренесуваат бугарските медиуми.

Таа истакна зборувајќи за билатералниот спор меѓу двете земји, истакнала и дека Бугарија одамна ги поставила условите според кои доколку се исполнат, ќе биде укинато и ветото, објави 360stepeni.mk.

„Бугарија има пет услови за Северна Македонија, кои се поставени одамна. Дури и кога стана јасно дека ништо не е сменето од потпишувањето на Договорот за добрососедство. Ниту после 18 состаноци на Мешовитата историска комисија ниту еден ред не е сменет во учебниците од кои се изучува во училиштата во Република Северна Македонија“, изјави Јотова.

извор: 360stepeni.mk.