Сè уште е активен пожарот кој вчера избувна во шумата над струшката населба Елен Камен. Екипа на Територијалната противпожарна единица – Струга е на терен, но местото било непристапно за возило.
Како што информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК) синоќа во пожарот е зафатена дабова и нискостеблеста шума.
Од ЦУК додаваат дека проблем во гасењето на пожарот прави и ветерот кој дува преку целиот ден, но и дека нема опасност од загрозеност на објекти.