На 23.04.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје лишен е од слобода А.Ј.(32) од скопски Сарај.
При претрес на дом и други простории кај А.Ј., извршен по претходнодобиена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Скопје,пронајдени се и одземени поголемо пакување марихуана и 20 куршуми 7.62 мм за автоматска пушка „калашников“.
По комплетно документирање на случајот против А.Ј. ќе биде поднесена кривична пријава за извршени кривични дела по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.