„Африканска Венеција“: Село изградено на вода – популарна туристичка атракција во Бенин

Селото Ганвие, во африканската држава Бенин, изградено на водите на езерото Нокуе, е необично место и сè попопуларна атракција за туристите, известува Агенција Анадолија (АА).

Селото на вода, што во 18 век го изградиле луѓето кои избегале од ропство, е една е најпосетените туристички локации во Бенин, во западниот дел на Африка.

Сите куќи, продавници и ресторани во селото се изградени на дрвени столбови, обично неколку метри над водата.

„Живееме од риболов. Се населивме тука бегајќи од ропството. За живот заработуваме од риболов“, изјави Едмон Адис, еден од жителите на селото.

Иако на езерото постојат мали острови, жителите го минуваат поголемиот дел од денот во чамци, поради што селото доби прекар „Африканска Венеција“.

Во селото се наоѓаат училишта, џамии и цркви, а жителите со векови живеат од риболов.

Според локалните извори, припадниците на племето Тофину избегале од војниците на Кралството Фон и Дахомеј во 18 век за да не бидат продавани на европските трговци.

Изградиле куќи на високи дрвени столбови на езерото Нокуе, кое се смета за свето, и на војниците не им било дозволено да влезат во езерските води од верски причини.

До селото, во кое живеат околу 30.000 жители, може да се дојде со брод за половина час од Котону, најголемиот град во земјата.

извор: Агенција Анадолија (АА).