Јапонката Танака, која се сметаше за најстарата личност на светот, почина на 119 години

0
283

Јапонката Танака Кане, која се сметаше за најстарата личност на светот, почина на 119-годишна возраст, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите во националните медиуми, Танака, која влезе во Гинисовата книга на рекорди во март 2019 година како „најстар човек на светот“, починала.

Се наведува дека Танака, која живееше во старечки дом во државата Фукуока, со персоналот на домот комуницирала преку нејзините изрази на лицето.

Во јануари 2022 година таа наполни 119 години. Се истакнува дека решавала загатки и дека сакала да јаде чоколада и пиела газирани пијалаци.

Танака Кане е родена на 2 јануари 1903 година како седмо дете во семејство од 9 браќа и сестри. Се омажила на 19-годишна возраст. Нејзиниот сопруг и син биле испратени на фронтот во Втората кинеско-јапонска војна во 1937 година.

Живеела низ периодите на 4-те императори Меиџи, Таишо, Шова и Хеисеи по 1867 година познат како „Модерна Јапонија“, а исто така го достигнала и периодот „Реива“ на сегашниот император Нарухито.

Пред Танака, најстариот човек на светот беше Чијо Мијако, Јапонка која почина во јули 2018 година на 117-годишна возраст.

Според Гинисовата книга на рекорди, личност која најдолго живеела во светот е Французинката Жана Калман, која почина во 1997 година на 122-годишна возраст.

 

извор: Агенција Анадолија (АА).