Разговор Ердоган-Путин: Турција ќе продолжи со напорите за траен мир меѓу Русија и Украина

0
321

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин истакна дека Турција ќе продолжи да вложува напори колку што е можно, за воспоставување траен мир помеѓу Русија и Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Директоратот за комуникации на Република Турција наведено е дека Ердоган разговарал со Путин за последните случувања во руско-украинската војна и односите на Турција и Русија.

Ердоган во таа прилика рече дека е во сечиј интерес да биде продолжен позитивниот замав постигнат во преговорите во Истанбул, со цел отворање на патот што води кон мирот.

Тој се осврна и на значењето на ефикасните хуманитарни коридори и безбедни евакуации. Истакна дека Турција ќе продолжи да вложува напори колку што е во можност за воспоставување траен мир и запирање на текот што на сите им нанесува штета.

Ердоган го повтори предлогот процесот од Истанбул, кој е значаен чекор во преговорите помеѓу Русија и Украина, да биде подигнат на ниво на лидери.

извор: Агенција Анадолија (АА).