Од утре ќе штрајкува и управата за водење на матични книги

Околу 500-тини вработени во Управата за водење матични книги од утре во 8 часот почнуваат штрајк за повисоки плати во организација на Независниот синдикат за водење на матични книги.

Нема да работат шалтерите за поднесување барања за издавање на изводи од матичната книга на родени, венчани, умрени.

Штрајкот е како последица на тригодишното немање слух на надлежните да им ги зголемат платите на вработените во матичните служби кои изнесуваат на некои од нив и по 14 500 денари или помалку од минималната плата.