27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија. Вооружени насилници, поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ извршија упад во Собранието, обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, да го урнат уставниот поредок и државата да ја втурнат во провалија, се вели во соопѓтението од СДСМ. Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Тие насилници беа поддржани со присуство пред Собранието и лично од страна на Христијан Мицкоски.
27 април е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, партија во која и после 5 години нема никаква промена.
Мицкоски не е поместен ниту милиметар од режимската насилничка матрица на неговиот шеф и ментор Груевски.
Пет години од 27 април, од денот кога Собранието беше претворено во крваво поле за одбрана на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, Мицкоски и неговата партија се уште стојат зад овие насилници.
Едно е факт, насилниците никогаш нема да бидат уставобранители.