Боки 13: 27-ми е СЕ, само ТЕРОРИЗАМ НЕ Е !!!

0
217

Боки 13 на својот ФБ профил објави свое видување за 27 април. Ви го пренесуваме  авторскиот текст на Бојан Јовановски, објавено од администраторот на профилот во целот:

Денеска е 27-ми Април 2022, 5 (пет) години подоцна откако се случија настаните во собранието ( предвидени, очекувани и ( за жал) добродојдени на тогашната опозиција ) !!!
Во тоа време сите мои симпатии и политичка наклонетост беа насочени кон СДСМ , бев близок со поединци од врвот на СДСМ, пратеници ( кои потоа велеа дека не ме познавале, тажно и смешно ), па затоа ова што денеска го пишувам се мои лични и непосредни сознанија и факти! Во периодот на таа општа политичка хистерија, позадински се случуваа многу нешта кои јавноста не ги знае, бидејки на јавноста и се сервираат само добро артикулирани и селектирани информации кои треба да ја оправдаат целта на крајната операција. Како човек кој цел живот работел во медиуми, а и раководев со медиум одговорно тврдам дека до јавноста се пласираат контролирани половични и нејасни информации и вести, бидејки така конзументите, односно гледачите, читателите и народот полесно може да се манипулираат, бидејќи во таква јавна конфузија сите мислат дека се многу паметни, сите дебатираат во духот на таканаречената демократија и тогаш свесните стануваат несвесни, квази интелектуалната каста се дели политички и станува гласна и навивачка, а онаа вистинската и сериозна интелектуална авангарда замолчува. Во таква какафонија и поделено општество платениците ( експерти, аналитичари, одредени новинари и уредници, разузнавачи, провокатори, лица од подземјето ) одработуваат, а нарачателите ја остваруваат својата цел.
Па така, низ една моја скромна анализа, поткрепена со факти и сознанија, го пишувам следново за настаните од тој фамозен, фатален и трагичен 27-ми Април!
27-ми е политичка грешка за едните и политичка добивка за другите, 27-ми е СЕ, само ТЕРОРИЗАМ НЕ Е !!!
Елем, Стефан Богоев, во тоа време пратеник во собранието од СДСМ, беше во секојдневна комуникација со мене, приватна и блиска, па оттука ќе извлечам неколку точки важни за настанот. Периодот пред настанот и на самиот ден 27-ми се допишував со Стефан на апликацијата WhatsApp , комуникација која постои и денеска во мојот одземен телефон кој не ми беше даден да го вештачам и од истиот да ги извадам сите докази.
Од комуникацијата ќе го издвојам следново
– Една недела пред настанот, по директни информации добиени од Стефан Богоев пратеничката група на СДСМ го планирале и темпирале терминот за избор на претседател на собранието ( имаа два неуспешни обиди , за кои јавноста не знае, за третиот да им биде “успешен” ) , чекаа на крајна одлука на Заев за терминот и начинот на спроведување
Во целиот овој критичен период додека се случуваат протестите пред собранието, Зоран Заев задкулисно преговара и се пазари за мандатот од Иванов, ( легитимно за него како тогашен претендент за мандатар ) и во исто време Зоран Заев однапред ги знае сите сценарија , вклучително и сценариото со влегувањето на народот во собранието, кое на крајот резултираше со негов триумф и херојство со крвава кошула, за потоа да седне во премиерската фотеља. Тоа беше пресметан ризик на Заев со голема логистика од повеќе структури и оперативци ( присутни во собранието на самиот настан )
– Во мојата комуникација со С. Богоев, на дента 27-ми, откако влезе толпата во собранието, го прашувам како е и дали е добар, тој ми одговара дека е добар и дека се склонети во некоја канцеларија на сигурно и дека ќе ме бара бидејќи нема батерија на телефонот
– Во ниедна наша размената порака не споменува дека имало жртви, дека има сериозно повредени лица, не споменува дека имало оружје, споменува само елементи на насилство врз пратеници и новинари.
Јас и тогаш и денеска сум против било каков тип на насилство, особено за насилство врз жени, на 27-ми Април 2017 се случи добро организирано и испровоцирано насилство за политички цели!
Во целата оваа хистерија се појавува Вилма Русковска со нејзината извршителска улога, а не обвинителска ( која сама инсистира и бара да го работи предметот за 27-ми, кој првично предмет беше кај друг обвинител ). Вилма Русковска во овој предмет, не гледа право или неправо, туку само ја гледа својата шанса за да се испере и додвори на власта предводена од СДСМ за подоцна да добие награда шеф на ОЈО-ГОКК!!! Извршителката, а не обвинителката Вилма Русковска, поведена од неспорен личен мотив и претходен договор ја прави таа катастрофална правна квалификација за настаните од 27-ми Април, па така поради жешката амбицијата на Русковска едни биднуваат терористи, други насилници, трети учесници во толпа, а четврти поради политички интерес стануваат од вратари, слободни профитери и тендераши како што е Крсто Муковски!!!
За трагедијата да биде поголема, а и ова писание да биде сведоштво, а не само текст и анализа, имам остварена комуникација со Вилма Русковска токму на оваа тема каде таа лично ме брифира за пресудите на сега осудените “терористи” како круна на нејзината кариера! И Русковска и Кацарска ( која исто така доби награда за пресудите и стана претседател на Уставен суд ) гостуваа во 1ТВ, па оттука нека нема дилема околу изворноста и веродостојноста на содржината во писаниево. Комуникацијата помеѓу мене и Русковска остварена на WhatsApp, каде јасно и недвосмислено мимпишува за пресудите за 27-ми пред да бидат донесени и ми дава ексклузивни информации, постои во мојот телефон, ( ништо и никогаш не сум избришал ), па сега нека ви биде јасно зошто не ми е даден телефонот да го вештачам и зошто сум осуден повеќе и од ВИСТИНСКИ ТЕРОРИСТ !!!
Една паралела, Митко Чавков е осуден за непревземање на службени дејствија кои морал да ги превземе за да ги спречи настаните во собранието, се извинувам а зошто тогаш не беше исто третиран и директорот на УБК Горан Николовски – Џони кои исто така морал да превземе службени дејствија за наводниот пријавен рекет врз Камчев и тоа да го спречи ( не беше повикан ни на распит, а камоли обвинет и осуден). Една логика или тој Џони ( кој не го познавам ) немал што да спречи бидејќи немало никакво дејствие од моја страна или пак кога веќе јас сум осуден за фикцијата “Рекет” требаше да биде осуден и Џони кој со своето непостапување ми помогнал да го “изрекетирам” Камчев, исто онака како што е осуден и Чавков дека со своето непостапување е виновен за настаните од 27-ми? Ова е суштинско прашање и правна паралела која отвора сериозна дискусија и тема за големите правни умови.
Русковска обвинува по личен анимозитет, болна амбиција и нарачка, за жал, кај нас се е на ѓутуре, па така се и проаѓа на Русковска, на ѓутуре, на закани, на манипулации, на пропаганда, на фабрикувани обвиненија и уште пофабрикувани пресуди!
Случајот 27-ми е негативен пример од повеќе гледишта, осудените лица се пример за политички колатералци и политички инструмент за зграбување на власт !!!
Тие се СЕ, но ТЕРОРИСТИ НЕ !!! Или сите кои влегоа во собранието требаше да бидат гонети за исто кривично дело или никој, доста беше за некого законот да е мајка, а за некого маќеа!!!
А за срамната и селективна политичка амнестија за истиот предмет, срам ми е и да пишувам, а имам што да кажам, но во некоја друга подобра прилика.
Од еден “педер” доволно е и ова напишаново !!!
До конечна правда,
Срдечен поздрав !!!